Одбојка мажи: Струмица и Лирија сами на врвот, Вардар и Борец со премиерни победи!

Loading

Дерби дуелите од 3.коло во првата машка одбојкарска лига им припаднаа на домаќините.

Истите беа одиграни во ист термин, но најпрво одбојкарите на Лирија го победија Работнички 71&22 со 3:1 во сетови.

На тој начин Лирија остана непоразена и по ова коло и на врвот на табелата во домашниот одбојкарски шампионат.

Лирија ги доби првиот и вториот сет со 25-22 и 25-21. Во третиот по голема борба сепак Работничник намали на 2-1 во сетови.

Тимот од Скопје го доби третиот сет со резултат 23-25. И во четврттиот сет се водеше израмнета битка за сетот.

Сепак домашниот состав на Лирија на крајот се радуваше на победата 25-27 во четврттиот сет, но и на мечот.

Шампионот Струмица немаше проблеми против Јанта Волеј и славеше со убедливи 3-0 во сетови.

Па така Лирија и Струмица се единствените во првата лига без пораз од почетокот на сезоната.

Тимот од Жеровјане покажа дека има респектабилен состав оваа сезона и ќе се боди за највисокото место во првата лига и борбата за титулата.

Во второто дерби во Тетово, тимот на Универзитет во Тетово ја победи Шкендија со 3:0. 

За одбележување се првите победи на Вардар и Борец. Црвено-црните славеа против Македонија Џио со 3-0, а со истиот резултат, ГОК Борец го победи Сушево нагости.

ПРВА ДРЖАВНА ЛИГА МАЖИ – 3. КОЛО (сабота 04.11.2023)

ОК Вардар – Македонија Џио                3:0 (25:19, 25:21, 25:17)
Струмица – Јанта Волеј                            3:0 (25:10, 25:14, 25:23)
Штип УДГ – Весна Пробиштип            3:0 (25:16, 25:17, 25:13)
Сушево – Борец                                            0:3 (20:25, 21:25, 19:25)
Лирија – Работнички 71&22                   3:1 (25:22, 25:21, 23:25, 27:25)
Универзитет во Тетово – Шкендија   3:0 (26:24, 25:14, 25:19)

ТАБЕЛА – 3.коло:

1. Лирија 9
2. Струмица 9
3. Штип УДГ 6
4. Шкендија 6
5. Универзитет во Тетово 6
6. Работнички 71&22 4
7. Борец 3
8. Јанта Волеј 3
9. Сушево 3
10. Вардар 3
11. Весна Пробиштип 2
12. Македонија Џио 0.