Од каде сега ова! Реал Мадрид не може да игра на Бернабе поради војната во Украина!

Војната во Украина му прави големи проблеми на Реал Мадрид, бидејќи „кралскиот клуб“ не може да го заврши реновирањето на својот стадион поради конфликтот во Источна Европа.

Реновирањето на стадионот трае од 2019 година, а веќе извесно време Реал Мадрид игра на својот помошен терен кој го носи името на Алфредо ди Стефано.

Поради короната сигурно не можеа да сметаат на приходот од билетите, но сега доцнењата веќе им прават проблеми.

Флорентино Перез во обраќање до шпанското радио „Ел Чингирито“ блиско до клубот истакна дека стадионот ќе биде подготвен само за следната сезона!

,,Ќе биде готов за една година, пред крајот на следната сезона.Кога почнавме со работа, дојде пандемијата, а потоа војната во Украина и тоа предизвика две работи. Недостиг на материјали и поскапување. Но, ние сме во процес на решавање на проблемот и ние сме среќни поради тоа“, истакна Флорентино Перез.

Како што пренесува „Ас“, Реал Мадрид повторно може да го очекуваме од сезоната 2023/24 на стадионот кој го носи името на поранешниот претседател на овој клуб.