Најдобриот светски тенисер Новак Џоковиќ по десетти пат во кариерата го освои гренслемот Австралија опен во Мелбурн.
Покрај ова големо достигнување и 22. Грен слем во кариерата, Новак повторно од утре ќе владее со АТП листата и светскиот тенис.
Неговиот ривал, младиот шпанец Карлос Алкараз до утре наутро ќе биде број еден на АТП листата, а во понеделник ќе биде заменет со Новак Џоковиќ.
Алкараз преку Твитер му честиташе на Ноле за успехот во Мелбурн.
“Честитки до Новак Џоковиќ за победата на Австралија опен и првото место на светската листа. Сосема заслужено! Се надевам дека наскоро ќе се видиме на теренот”, изјави Алкараз.
Новак во финалето во само три сета го победи гркот Стефаноц Циципас со 6-3, 7-6 и 7-6 и како што изјави оваа победа за него е најголема во кариерата поради се што му се случуваше изминатата година.