Новак има ретка болест! Еве зошто не мора да се вакцинира

Loading

Најдобриот светски тенисер Новак Џоковиќ доби дозвола за настап на првиот Грен слем турнир во Мелбурн.

Во рекордно време светот го обиколи веста дека најдобриот светски тенисер Новак Џоковиќ ќе учествува на Австралија Опен.

Секако, реакциите се поделени, а на многумина не им е јасно како Џоковиќ успеал да добие лекарско ослободување.

Имено, Ноле го доби споменатото медицинско ослободување дека му е дозволено да игра невакциниран благодарение на целијачна болест која за малку ќе му ја уништеше кариерата.

Станува збор за болест при која телото е нетолерантно на глутен, кој го има во брашното и производите во кои се користи, а која Новак, за среќа, навреме ја открил, го променил начинот на исхрана и станал најдобар тенисер на денешницата, а веројатно и на сите времиња, дознава „Српски Телеграф“.

Новак успеа да докаже дека неговиот проблем со целијачната болест може да предизвика сериозни компликации доколку се вакцинира со која било вакцина против КОВИД-19.

Тие тврдења ги поткрепи дури и со потврда на научник од Кембриџ, кој наведува дека вакцината може да му наштети.

Затоа медицинските експерти во државата Викторија, каде што е Мелбурн и каде што влезот е забранет без целосна имунизација или ослободување, немаат друг избор освен да му дозволат да настапи на првиот Грен слем во 2022 година и да маршира до десеттата титула и рекордната 21-ва Грен слем.