Новак Џоковиќ доби неочекувана вест за Велики петок!

Loading

Шпанскиот тенисер Карлос Алкараз нема да игра на Мастерсот 1000 во Рим кој е закажан од 6 до 19 мај 2024 година.

фото: Profimedia

Светскиот рекет број 3 имаше проблеми со десната подлактица, но играше на Мастерсот во Мадрид каде беше елиминиран како бранител на титулата во четвртфиналето.

По поразот од Андреј Рубљев, тој зборуваше за проблемите со тој дел од телото, но рече и дека едвај чека да го види Новак Џоковиќ во Рим.

,,Чувствував непријатна болка во раката по играњето во Мадрид. Денеска направив преглед и имам оток на мускулот на подлактицата, кој е резултат на претходна повреда. За жал, не можам да играм во Рим, морам да почнам со закрепнување за да играм 100% без болки – напиша Карлос.

Ова е втор пат за краток период Карлос да го откаже учеството на дури три турнири.

За еден месец се откажа од Монте Карло, Барселона и сега од Рим.

Добрата вест за Новак е што и Јаник Синер го откажа својот настап во Рим и нема да може да се претстави пред домашната публика.

Причината е повреда која неодамна ја заработи во Мадрид, поради која мораше да се повлече од турнирот во главниот град на Италија.

Синер им порача на организаторите во Мадрид дека нема да може да игра во четвртфиналето против Феликс Огер-Алиасимо поради повреда на колкот, а сега излезе дека нема да може ниту да го започне натпреварувањето на турнирот во неговата земја.

Отсуството на проектираниот втор носител и моментално второпласираниот на АТП листата ќе направи промени во самата ждрепка за Рим.

Тоа значи дека на Новак најголема конкуренција за титулата ќе му бидат руските тенисери Даниил Медведев и Андреј Рубљев, Германецот Саша Зверев, Гркот Стефанос Циципас и Норвежанецот Каспер Руд.