Не го отпишувајте Надал – Легендарниот тенисер со изјава за фаворитите на грен слемовите!

Loading

Легендарниот американски тенисер Џим Куриер смета дека Рафаел Надал не треба да биде отпишан од трката за грен слем титули.

(AP Photo/David Vincent)

Поранешниот светски тенисер број еден смета дека Надал ќе биде главниот фаворит за освојување на Ролан Гарос следната година.

„Ќе видиме како ќе се чувствува, како ќе реагира неговото стапало по долгата пауза. Тој се уште е фаворит на Ролан Гарос, мал фаворит во споредба со Новак – под услов и двајцата да бидат здрави. А Новак е фаворит на другите слемови, најмногу на Вимблдон“, вели Џим и додава…

„Надал е убедливо најдобар на земјена подлога во историјата, драго ми е што не морав да играм против него на таа подлога.