Синоќа се одигра традиционалниот 65-ти ол стар натпревар на сите кошаркарски ѕвезди во НБА лигата.
Дуелот во Торонто ќе биде запаметен по неколку работи, се срушија сите рекорди досега на ол стар мечевите, а секако ќе биде запаметен по последниот ваков настап што го имаше кошаркарот на Лејкерси, Коби Брајант кој по крајот на оваа сезона ќе замине во пензија.
На натпреварот до победата стигна Западот кој славеше над Истокот со 196-173, каде беа постигнати вкупно 369 поени што претставува рекорд во историјата на „ол стар“ натпреварите.
Најефикасен на теренот беше Пол Џорџ од Истокот со 41 поен додека кај Западот се истакна Расел Вестбрук со 31 поен и поради победата на тимот од Западот токму тој го доби признанието МВП, што за него е второ во кариерата и тоа освоено втор пат по ред што досега не се случило.
Ден претходно се одиграа натпреварите во вештини, тројки и забивање, а до титулите стигнаа Таунс од Минесота победи во натпреварот во вештини, Клеј Томсон од Голден Стејт стана најдобар тројкаш, а Зек Левин од Минесота ја одбрани титулата најдобар забивач.
Следната година „Ол стар“ викендот ќе се одржува во Шарлот.