![]()
Ако некогаш сте се прашувале што значи зборот „историски” во спортот, одговорот е едноставен: 11 јуни 2026 година, Мексико Сити.
Тој ден, пред полн стадион Естадио Ацтека, истото место каде Марадона ја одигра „Божјата рака” и каде Пеле го освои својот прв светски наслов, ќе одѕвони свирката за почеток на Светското фудбалско првенство кое ниту еден претходен не може да го достигне по обем, рекорди и страст.
Добредојдовте на Мундијалот 2026…..
Зошто овој Мундијал е поинаков?
Не е само во бројките. Во историјата на Светските првенства, ова е единствениот пат кога три земји истовремено се домаќини.
Тоа значи различни временски зони, различни климатски услови, различни култури на трибините, сè во едно.
Мексико донесува жестина и страст. Канада, свежина и нова публика. САД, грандиозност, големи стадиони и неспоредлива медиска машинерија.
Фудбалот одамна не е само спорт. Тој е заеднички јазик на шест милијарди луѓе.
И во јули 2026 година, сите ќе зборуваат истиот јазик, на MetLife Stadium во Њу Џерси, каде ќе се крене трофејот за кој цел свет ќе плаче или ликува.
Бројки кои го вртат умот
Да почнеме со она што го прави овој турнир буквално невидено во спортската историја.
За прв пат во историјата, на Светско првенство учествуваат 48 национални тимови наместо досегашните 32.
Тие ќе се натпреваруваат во 104 натпревари, низ 16 градови-домаќини во три земји, САД, Мексико и Канада во период од 39 дена, од 11 јуни до 19 јули.
Погледнете ги само овие проекции:
ФИФА очекува над шест милиони гледачи во стадионите, со просек од 450.000 посетители по град што би го направило ова Светско првенство со највисока посета во целокупната историја на турнирот.
А на телевизија и дигитално?
ФИФА проектира дека приближно шест милијарди луѓе ќе бидат вклучени во турнирот на некој начин преку традиционален пренос, стриминг, дигитални платформи и гледање на јавни места.
Споредба
финалето на Светското првенство во Катар 2022, помеѓу Аргентина и Франција, го следеа 1,42 милијарди луѓе, што е највисока гледаност на еден спортски настан во целата историја на глобалното емитување, повеќе од кое и да е Олимписки игри, Супербол или финале на Лигата на шампиони.
Проекциите за финалето во 2026 година се уште повисоки над 1,6 милијарди гледачи се очекуваат за финалниот натпревар.
Фонд
Наградниот фонд се очекува да надмине 1,7 милијарди фунти, а вкупните права за телевизиско емитување може да достигнат до 7 милијарди фунти.
Зборуваме за настан кој економски функционира на ниво на мала држава.
Финалето е закажано за 19 јули 2026 година, а до тогаш ќе гледаме 104 натпревари, десетици рекорди и незаборавни моменти кои ќе се раскажуваат со децении…..

