![]()
Ова е Мундијалот на рекордите, и тоа не само колективните. Неколку фудбалери доаѓаат во Северна Америка со шанса да го преминат она што изгледаше непреминливо.
Килијан Мбапе – човекот кој го тера времето да трча
Мбапе влегува на овој турнир со 12 голови на Светските првенства, исто колку и легендарниот Пеле.
Рекордот на сите времиња е 16 гола, во сопственост на Германецот Мирослав Клозе. Со 27 години, Французинот има реална шанса не само да го изедначи, туку и да го подобри тој рекорд, и тоа на овој или на следниот Мундијал.
Пред турнирот, Мбапе забележа 56 голови во 95 настапи за Франција, само еден зад рекордерот Оливие Жиру. Ако ја освои и Златната топка на овој турнир, ќе стане симбол на цела ера.
Лионел Меси – последниот танц на кралот
Аргентинецот кој веќе освои сè, Светско првенство, Балон д’Ор, Копа Америка, пристигнува во Северна Америка на 38 години за она што речиси сигурно е неговото последно Светско.
Меси и Роналдо се единствените фудбалери кои ќе имаат шест Светски првенства во кариерата, рекорд кој ниеден друг играч моментно не може да го достигне.
Меси исто така може да го изедначи рекордот на Кафу за три настапи на финале на Светско првенство, aргентинецот веќе бил финалист во 2014 и 2022 година.
Кристијано Роналдо -легендата која одбива да се повлече
На 41 година, Португалецот сè уште носи дрес број 7 и сè уште стрела. Роналдо направи 22 настапи на пет Светски првенства и забележа голови на секое од нив, подвиг кој ниеден друг фудбалер не го постигнал во историјата на турнирот.
Ерлинг Халанд – конечно ќе дебитира на најголемата сцена
Норвежанецот кој ги сруши сите рекорди во Премиер лигата конечно ќе дебитира на една Светско првенство.
На 27 години и со дебито на овој Мундијал, Халанд има реална шанса да стане еден од најголемите стрелци во историјата на турнирот, ако настапи и на Светското во 2030.
Целиот свет со нетрпение чека да види дали ќе ја пренесе клупската форма на интернационалната сцена.




