Најдобриот тим во историјата на Барселона без Марадона, Роналдо и Роналдињо – Новинарите останаа во шок!

Loading

Поранешниот фудбалер и тренер на Барселона Роналд Куман на шпанските медиуми им диктираше состав од 11 најдобри играчи кои го носеа дресот на каталонскиот клуб, а оваа листа шокираше многумина.

Нема претходни легенди како Ласло Кубала кој имаше неверојатни 193 гола на 253 натпревари за Барселона, но и некои великани кои Куман сигурно ги памети.

Во својот идеален тим немаше место за Марадона, кој кратко играше за Барса, но сепак беше спектакуларен на теренот. На списокот секако се најде неговиот сонародник Лионел Меси.

На листата ги нема ниту двајцата Бразилци Роналдо и Ромарио. Едниот постигна 47 гола и 12 асистенции на 49 натпревари во неговата единствена сезона во дресот на Барса, додека другиот важеше за еден од најдобрите играчи во светот за време на неговиот престој во Барселона.

Голман на идеалните 11 на Куман се: Голман, Андони Зубизарета, во одбраната се Дани Алвеш, Карлес Пујол, Хавиер Маскерано и Жорди Алба, во средниот ред Јохан Нескенс, Чави Ернандез и Андрес Иниеста, а во нападот Лео Меси, Јохан Кројф и Христо Стоичков.