Шпанецот Рафаел Надал по пауза од 2 години повторно освои мастерс турнир од серијата 1000.
Тој победи во финалето во Монте Карло, а Надал во своето јубилејно 100-то финале, ја освои 68-та титула, откако во три сета за три часа игра го победи домашниот тенисер Гаел Монфис со 2-1 во сетови 7:5, 5:7, 6:0.
Титулата во Монте Карло е деветта за Надал, а воедно прва по август 2015 година кога славеше во Мајорка.
Надал, во Монте Карло, ја освои 28-та Мастерс титулата во кариерата со што се израмни на првото место на вечната листа со Новак Џоковиќ.
Последната 1000-ка од мастерс турнирите Надал ја освои во Мадрид во 2014 година.
Дуелот помеѓу Надал и Монфис мина во востински фестивал на брејкови и голема борба во првите два сета.
Во третиот сет Монфис физички неможеше да се носи со Шпанецот, кој на патот до финалето ги елиминира Тим, Вавринка и Мареј.