Можете ли да ја составите првата петорка од земјите од поранешна Југославија? – Па тоа би бил Дрим Тим!

Кошаркарите од земјите од поранешна Југославија доминираат на Европското првенство во кошарка, а „романтичарите“ се сеќаваат на старите добри времиња кога никој не ни беше рамен во играта под обрачите.

фото: Starsport, Profimedia, EPA-EFE/SASCHA STEINBACH

Србите, Словенците, Босанците, Црногорците, Хрватите од ден на ден докажуваат дека на нашите простори се игра „вонземска“ кошарка.

Навивачите не престануваат да сонуваат за „дрим-тим“ составен од асови од поранешна Југославија, а првата петорка тешко би се составила.

Замислете на вашата клупа да седат Нуркиќ, Муса, Драгиќ, Лучиќ, Хезоња…

Првата петорка би ја сочинувале: Дончиќ, Богдан Богдановиќ, Бојан Богдановиќ, Никола Вучевиќ, Никола Јокиќ.

На оваа петорка нема да може да и парира ниту една селекција во светот.