Милионите на Капело му одрија во глава – Италијанскиот стратег заминува во Кина и станува најплатен тренер (фото)

Италијанскиот тренер Фабио Капело е назначен за нов тренер на прволигашот од Кина Џиангсу Сунинг и станува најплатниот тренер во светот.

kapelo2

Капело на клупата ќе го наследи јужнокореанецот Чои Јонг Соа кој беше отпуштен откако клубот загуби во шеснаестина финалето од азиската Лига на шампиони, а во домашното првенство е на претпоследното место.

Клубот од Нианинг е четвртиот најбогат клуб во Кина, еднаш беа шампиони на Кина, а во тимот ги има бразилецот Тешеира кој играше за Шахтјор, Рамирез кој играше за Челзи и колумбиецот Роџер Мартинез.

Италијанскиот тренер последен пат седеше на клупата на еден клуб во сезоната 2006/2007 кога го водеше Реал Мадрид, а потоа беше селектор на Англија и Русија.

Тој е трето големо тренерско име во кинескиот фудбал, по Луис Фелипе Сколари кој го води Гвангжу Евергранде, и селекторот на Кина, легендарниот италијанец Марчело Липи.

Постојат шпекулации дека Капело ќе има плата од 10 милиони евра по сезона.