Ударното дуо на Лестер, Варди и Марез преминува во Арсенал!

Loading

На повидок е еден од најголемите трансфери ова лето во Англиската премиер лига.

vardy-mahrez1

Станува збор за ударното дуо Варди-Марез на новиот шампион на Англија, тимот на Лестер, кои според последните инфомации од островот преминуваат во лондонскиот клуб Арсенал.

Топџиите веќе го договориле трансферот на Џејми Варди, но нивниот конечен план не завршува тука, тие сакаат да го спојат тандемот од Лестер и почнале преговори и со најдобриот фудбалер во Премиер лигата изминатата сезона, Ријад Марез.

Преговорите се во тек и Арсенал со пари сака да го „намами“ Марез така што му нуди двојно поголема плата од актуелната во Лестер.

vardy

Ријад Марез претходно изјави дека сака да остане во Лестер, но сега по заминувањето на Варди, и најверојатно на Канте и самиот го сменил мислењето и е отворен за преселба во Арсенал.

Клубот од Лондон е спремен да му плати на Лестер 45 милиони евра.

Дали ова ќе се реализира од страна на Арсенал останува да видиме во следните денови, но доколку тоа се случи, од шампионскиот тим на Лестер нема да остане ништо.

vardy-mahrez2