Мареј го освои атп турнирот во Квинс и стана рекордер со 5 победи!

Loading

Вториот тенисер на светот пак Британецот Енди Мареј успеа да победи на турнирот на Квинс клубот во Лондон откако направи пресврт во финалето и го совлада Милош Раониќ со 2-1 во сетови 6:7, 6:4 и 6:3.

мареј квинс

Со овој триумф Мареј стана првиот тенисер со пет победи на овој турнир што се игра на тревната подлога и е најава на гренслемот Вимблдон.

Раониќ го доби првиот сет и имаше водство од 3:0 во гемови во вториот, но Мареј направи брејк и успеа да го „сврте“ мечот во своја корист и изедначи откако го доби вториот сет со 6:4 во гемови.

Во решавачкиот сет веднаш на стартот имаше брејк и ја искористи третата меч топка и мечот го заврши по 2 часа и 15 минути игра.

Ова за Мареј е 37.ма титула во кариерата.