Претседателот на ПСЖ, Насер ал Келаифи зборуваше за важноста на Лионел Меси за финансиите во клубот.
Аргентинецот доби многу пари од „светците“, но од друга страна многу и им донесе. Меси за три години ќе добие 110 милиони евра од ПСЖ, без премии и бонуси.
За помалку од една година ПСЖ заработи 700 милиони евра, објави претседателот на ПСЖ. Доаѓањето на Меси во Париз им донесе десет нови спонзорски договори.
„Растот што ни го донесе фактот што тој е во клубот се одразува на тоа што договоривме 5 до 8 милиони евра во истиот период за покровителски договори, кои ни носат од 3 до 5 милиони евра годишно. Според тоа, јасно е дека не е потребен коментар за тоа колку ни значи доаѓањето на Меси“, рече Ал Келаифи.
Меси минатата сезона имаше учинок од 11 гола и 15 асистенции за ПСЖ.