Фудбалската репрезентација на Македонија скокна за три места на најновата ФИФА листа.
На априлското рангирање на Mакедонија се најде на 105. место, со 312 бода, а од друга страна, со триумфот во Скопје, Белорусите напредуваа за 15 позиции и сега се на 83. место, додека Шпанија повторно е меѓу најдобрите 10 во светот.
Од останатите репрезентации од нашата квалификациска група, Словачка е на 20 место, Украина е 33-та, додека Луксембург е на 137 позиција.
На врвот на листата и понатаму е Германија, пред Аргентина, а следуваат Белгија, Колумбија, Бразил, Холандија, Португалија, Уругвај, Швајцарија и Шпанија.