Мајк Тајсон ја отвори душата, наскоро ќе умрам – Цела планета во шок!

Еден од најдобрите боксери на сите времиња, неповторливиот Мајк Тајсон (56) сфатил дека парите не носат среќа и дека се во животот е релативно.

фото: Profimedia

Тајсон беше домаќин на терапевтот Шон Мекфарланд на неговиот популарен подкаст „Hotboxin’ with Mike Tyson“ и ги сподели своите искрени мисли со него.

„Секако, сите ќе умреме еден ден. Во последно време често се гледам во огледало и гледам некои точки на лицето што не сум ги видел досега. Си велам дека сум при крај, дека наскоро ќе умрам, “ изјави познатиот боксер.

Легендарниот ас сфатил дека среќата не зависи од сумата на пари што ја имате.

„Ф*** пари. Не ми значат ништо. На луѓето кои мислат дека парите ќе ги направат среќни секогаш им велам дека тоа е лага. Кога имаш пари, не можеш да очекуваш некој да те сака. Како може некој искрено да ти признае љубов кога имаш 500 милијарди долари?” вели контроверзниот ас и додава:

„Тие само ви даваат лажно чувство на сигурност. Мислиш дека ништо не може да ти се случи. Не веруваш дека банките можат да пропаднат. Веруваш дека си непобедлив кога имаш многу пари, но сето тоа е лага. Затоа Секогаш велам дека тоа е илузија, заклучи Тајсон.