Црвена ѕвезда, Динамо Тбилиси, Легија, Салцбург, АПОЕЛ, Хапоел, БАТЕ Борисов, Лудогорец и Копенхаген се тимовите кои изборија пласман во третото квалификациско коло во Лигата на шампионите.
Динамо Тбилиси, по триумфот од 2-0 на домашен терен, во реваншот против ерменскиот Алашкерт одигра 1-1 и во третото коло ќе игра против победникот од двомечот помеѓу Динамо Загреб и Вардар.
Црвена ѕвезда со 2-1 го победи пак Валте од Малта и избори дуел во третото коло против Лудогорец. Бугарскиот шампион со вкупни 5-0 го доби двомечот против Младост од Црна Гора.
Двоен триуф 1-0, 2-0 забележа австриски Салцбург и во наредната фаза го очекува победникот од дуелот помеѓу Партизани и Ференцварош. АПОЕЛ против Њу Сејнтс, Велс по 0-0 во првиот меч на домашен терен славеше со 3-0.
Противник во третата рунда на Кипраните ќе им биде некој од скандинавските тимови Норчепинг или Розенборг.
БАТЕ Борисов на реваншот во Финска против СЈК ремизираше 2-2, а во наредната рунда ќе биде фаворит против Дундалак или Хафнарфјордур. Копенхаген беше убедлив против Крусејдерс, по 3-0 на гостински терен, Данците во реваншот славеа со 6-0. Копенхаген во наредното коло ќе игра против Астра, Романија.
Легија го елиминира шампионот на БиХ, Зрињски со вкупни 3-1, следен противник на полскиот тим ќе биде Тренчин или Олимпија.
Во третата рунда е и израелскиот Хапоел Бер Шива. Израелците против молдавски Шериф во реваншот одиграа без голови, а понатаму одат благодарение на победата од 3-2 во првиот меч.
Хапоел во наредното коло игра против Олимпијакос.