ЛОИ 2020: Светски рекорд на 400м кај мажите, доминација на Јамајка на 200м кај дамите!

Loading

На Олимпијадата во Токио, норвешкиот атлетичар Карстен Вархолм освои златен медал на 400 метри со пречки со нов светски и олимписки рекорд.

Двократниот светски шампион стигна до златото со резултат 45,94 секунди, во финалето во кое шест спортисти ги соборија националните или регионалните рекорди.

Сребрениот медал го освои Американецот Реј Бенџамин (46,17), додека бронзата му припадна на Бразилецот Алисон дос Сантос (46,72).

Кај дамите се одржа финалето на 200 метри, а таму јамајканската спринтерка Елејн Томсон го повтори својот успех од пред пет години во Рио де Женеиро и на Олимписките игри во Токио, освојувајќи ги олимписките златни медали на трките на 100 и 200 метри.

Томсон истрча втор најдобар резултат на сите времиња. Низ целта со време од 21.53 секунди, само 19 стотинки поспоро од легендарниот 33-години стар светски рекорд на Американката Флоренс Грифит – Џојнер од Игрите во Сеул во 1988 година.

Сребрениот медал го освои 18-годишната Кристин Мбома од Намибија, додека бронзениот и припадна на Американката Габриеле Томас.

На кошаркарскиот турнир познати се полуфиналните двојки каде ќе се сретнат Словенија-Франција и САД-Австралија, а на ракометниот во полуфиналето ќе играа Франција-Египет и Данска-Шпанија.