Лестер сити се засили во нападот – За 30 милиони фунти до донесе Ихеначо од Сити (видео+фото)

Loading

Келечи Ихеначо, 20 годишниот нигериски напаѓач, од Манчестер сити премина во редовите на Лестер.

Ихеначо потпиша петгодишен договор со „лисиците“. Поради недоволната минутажа што ја добиваше во Сити и Пеп Гвардиола, нигерискиот репрезентативец реши да го напушти клубот во трансфер тежок 30 милиони фунти.

Минатата сезона беше во почетниот состав на Сити на само девет натпревари. Инаку Ихеначо од 2015 година е во составот на Манчестер сити каде има 46 натпревари и постигнато 12 голови.

За селекцијата на Нигерија овој напаѓач има одиграно десет натпревари, на кои постигна шест гола.

https://www.youtube.com/watch?v=t07dkxbDWjc