Лео Меси не издржа, стави крај на репрезентативните настапи со Аргентина!

Loading

Лионел Меси загуби уште едно финале со националниот тим на Аргентина.

меси пенал

Аргентина, во финалето на Копа Америка, на пенали загуби од Чиле со 2-4, а Меси беше еден од трагичарите на мечот.

Меси, промаши пенал во првата серија, откако истото го направи Чилеанецот Артуро Видал.

Во наредните две серии пеналџиите беа сигурни Кастиљо и Арангуиз за Чиле, односно Маскерано и Серхио Агуеро за Аргентина.

Во четвртата серија Чилеанецот Босежур беше сигурен реализатор, додека Клаудио Браво го одбрани ударот на Лукас Биља.

Титулата на Чиле му ја донесе Франциско Силва кој мирно го реализираше решавачкиот пенал.

По поразот трет за Меси и Аргентина во последните три години, напаѓачот на Барселона изјави дека става крај на репрезентативната кариера.

„Тоа е тоа, се обидував, се трудев, но во моментов така се чувствувам. Тажно е што ова повторно ни се случува, а покрај сето тоа јас промашив и пенал, изјави Меси.

меси пенал1

За Аргентина одигра 113 натпревари, а на Копа Америка 2016 успеа да стане најдобар стрелец во историјата на националниот тим со 55 голови престигнувајќи го Батистута.

Меси со Аргентина не успеа да оствари резултати какви што бележи со Барселона, со националниот тим успеал да победи само на Олимписките игри во 2008 година, а во кариерата загубил во три финалиња на Копа Америка и едно финале на Светско првенство.

Фудбалската репрезентација на Аргентина нема освоено трофеј од 1993 година, кога последен пат триумфирала на Копа Америка.