Леброн се откажа од 23-ката во Лејкерс – Еве на кој му го даде и со кој број ќе игра следната сезона!

Loading

Леброн Џејмс постигна договор со „Најк“ да му го отстапи својот број на дресот 23 на соиграчот Ентони Дејвис само да остане и следната сезона со него во тимот.

Самиот Леброн ќе се врати на бројот 6 под кој настапуваше во Мајами Хит и каде освои две шампионски титули со тимот од Флорида.

Откако Дејвис се пресели во Лејкерс, Леброн реши да направи убав гест и да му го даде својот број на новиот тимски колега со кого уште во првата заедничка сезона ја освоија НБА титулата.

Планот на Џејмс не беше одобрен од „Најк“, кој веќе произведе илјадници дресови # 23 4X МВП и поради тоа можеше да претрпи големи загуби.

Затоа, минатата сезона Дејвис играше со бројот 3 на дресот, под кој настапуваше и за колеџ тимот. 

Инаку Ентони Дејвис го засили тимот на Лејкерс на почетокот на веќе завршената сезона откако дојде од тимот на Њу Орлеанс Пеликанс каде настапуваше со бројот 23. 

И на двајцата играчи на Лејкерс идол им е кој друг ако не Мајкл Џордан.