Леброн Џејмс и следната сезона останува во Кливленд во одбрана на НБА тронот!

Loading

Сеуште се прославува првата титула во клубската историја на Кливленд Кавалирс, а Леброн Џејмс и неговите ги пречекаа голем број фанови од градот Кливленд кој чекаше над 50 години повторно да освои некој шампионска титула од екипните спортови во САД.

џејмс

Кралот Џејмс и колегите од тимот во финалето со голем историски пресврт славеа со 4-3 во победи над Голден Стејт Вориорс и испишаа нова страница во историјата, а овој успех низ улиците на градот од Охајо го прославија над 1 милион навивачи.

Но она што е уште поважно за крадот Кливленд и тимот е тоа што првата ѕвезда Леброн ќе остане и следната сезона во клубот и ќе ја брани шампионската титула во НБА лигата.

џејмс1 џејмс2

Џејмс дури планира и да го продолжи договорот со Кливленд Кавалирс, со што ги демантираше сите шпекулации дека повторно ќе замине од клубот.

,,Немам намера да си одам, има некој технички работи кои треба да се средат, но тоа е задача на мојот агент.

,,Ова доаѓа директно од устата на „коњот“, -истакна Леброн кој беше избран за МВП на овогодинешното финале.

кливленд