Ливерпул и Севиља ќе играат во финалето на Лига Европа што на 18.мај ќе се игра во Базел.
Тие во реванш полуфиналните дуели постигнаа убедливи победи на домашен терен и ги елиминираа своите ривали Виљареал и Шахтјор.
Ливерпул на „Енфилд“ го победи Виљареал со 3:0. Во 7.минута по автоголот на Бруно Сориано Ливерпул ја анулира предноста на Виљареал од првиот дуел.
На 2:0 во 63.минута зголеми Даниел Стариџ, додека конечните 3:0 ги постави Адам Лалана во 81.минута.
Бранителот на пехарот Севиља на домашен терен го победи Шахтјор со 3:1. Два гола постигна Кевин Гамеиро во 9 и 47.минута, а стрелец беше и Мариано Фереира во 59.минута за Севиља, додека голот за Шахтјор го постигна Едуардо во 44.минута кога израмни на 1-1.
Со пласманот во финалето Севиља доби можност третпат по ред да го освои пехарот во Лига Европа.
Севиља заедно со Купот на УЕФА има четири трофеи во ова натпреварување, додека Ливерпул има три пехари.
Инсерти од двата меча…