Македонија закована на 141 место на ФИФА ранг листата

Loading

Македонската фудбалска репрезентација остана на 141. место со 235 бода на најновата ранг листата на ФИФА.

makedonija

Мајското рангирање не донесе промени ниту на првите 50 места. Што се однесува до ТОП 10 води Аргентина, а по неа следуваат: Белгија, Чиле, Колумбија, Германија, Шпанија, Бразил, Португалија, Уругвај и Англија.

И противниците на “црвено-жолтите“ во Мундијалските квалификации ги задржаа местата од минатиот месец: Шпанија е на 6.место, Италија на 15, Албанија е 45, Израел на 76 и Лихтенштајн на 173 место.

Нови бодови и напредок на ФИФА листа Македонија ќе „брка“ на пријателските мечеви со Азербејџан во Австрија на 29 мај и со Иран на 2 јуни во Скопје.

Следното рангирање ФИФА ќе го изврши на 2 јуни.