Копа Америја 2016: Чиле и Аргентина последни патници во 1/4 финалето!

Loading

На Копа Америка 2016 во САД се комплетираше групната фаза по што се познати и двојките за четвртфиналето.

чиле-панама

Во последните две средби фаворитите забележаа победи. Чиле и Аргентина со убедливи победи се пласираа во следната фаза на Копа Америка.

Бранителот на трофејот Чиле ја совлада Панама со 4-2 додека Аргентина беше убедлива со 3-0 против Боливија, иако Леп Меси седеше на клупата.

аргентина-боливија

Па така двојките на четвртфиналето се Аргентина-Венецуела, Чиле-Мексико, САД-Еквадор и Перу-Колумбија.

Натпреварите започнуваат утревечер а први ќе настапат САД-Еквадор.