Новак Џоковиќ по финалниот меч во Белград откри дека има здравствени проблеми.
Српскиот ас не сакаше премногу да зборува за деталите, но полека доаѓа до тоа за што всушност се работи и за какви проблеми се работи.
Порталот „Нова“ откри дека се работи за одреден тип на вирус кој трае седум и повеќе дена. Симптомите се – висока температура која го исцрпува телото и го остава без енергија.
Интересно е што многу луѓе од светот на тенисот го зафатија овој вирус во последните месеци. По сите овие проблеми, не е лесно да се вратиш на максималниот тренинг и да бидеш физички подготвен.
Дополнително на сето тоа, новинарите на „Арена Спорт“ рекоа дека Џоковиќ пред турнирот во Монте Карло им рекол дека го има вирусот, што значително се одразило на резултатот на тој турнир.
Новак загуби од русинот Рубљов со 2-1 во сетови 6-2, 6-7 и 6-0 во третиот сет.
Сепак и покрај поразот Новак од денеска ја започна 367 недела на врвот на АТП листата и ја зголеми предност пред Медведев.