Кој кажа дека е крај? Алвеш има многу понуди, но само еден клуб е најупорен да го донесе!

Мексиканскиот клуб Пумас е многу заинтересиран да го доведе во своите редови бразилскиот репрезентативец Дани Алвеш.

По заминувањето од Барселона во јуни, бразилскиот фудбалер стана слободен играч и моментално е во потрага по нов клуб.

Некои бразилски медиуми објавија дека Пумас веќе испратил понуда на адреса на искусниот дефанзивец, но дека тој има други планови.

Имено, со оглед дека се ближи Светското првенство во Катар, Алвеш сака да го дочека во најдобра можна форма играјќи на највисоко фудбалско ниво.

И покрај добрата финансиска ситуација во Пумас, Алвеш не е убеден дека преселбата во мексиканската лига би била најдобра опција за него.

За клубот од Мексико Алвеш е играч од соништата, а времето ќе покаже дали нешто ќе влијае Бразилецот на крајот да ја промени својата одлука.

Алвеш во кариерата играше за Бахиа, Севиља, Барселона, Јувентус, ПСЖ и Сао Паоло. На 6 мај оваа година наполни 39 години.