Кливленд прв финалист на истокот, Оклахома израмини на 2-2 против Спарси

Loading

Две плејоф средби се одиграа во НБА лигата.

playoffs1-2016

Тимот на Кливленд со 4-0 во победи ја елиминира Атланта и избори финале на источната конференција.

Четвртиот меч, беше и најнеизвесен во оваа серија, а Кавси славеа нагости минимално со 100-99.

Противник во финалето на Истокот на Кливленд ќе му биде победникот од серијата помеѓу Торонто и Мајами.

Атланта имаше можност да избори барем уште еден меч, но последниот напад на 2,8 секунди до крајот немаше завршница.

Германецот Денис Шредер ја предводеше Атланта со 21 поен, Пол Милсап постигна 19, Табо Сефолоша 16, Ал Хорфорд 15 поени.

cavs 4

Кевин Лав го предводеше Кливленд со 27 поени и 13 скокови, а Леброн Џејмс беше на чекор до „трипл дабл“ учинок од 21 поен, 10 скокови, 9 асистенции.

На западот Оклахома го совлада Сан Антонио со 111-97 и го израмни резултатот во меѓусебната полуфинална серија, во Запдната конференција, на 2-2.

Дурент со 41 поен, 5 скока и 4 асистенции ја предводеше Оклахома. Сан Антонио го контролираше мечот во Оклахома се до стартот на последната четвртина, имаа 10 поени предност по првите 12 минути, а во последниот период влегоа со позитива од 4 поени.

spu-thu

Но Оклахома предводена од Дурент, решавачкиот период го реши со 34:16 и стигна до победата.

Расел Вестбрук, постигна 14 поени 7 скокови и 15 асистенции. Кај Сан Антонио Тони Паркер даде 22, Кавај Ленард 21 и Ламаркус Олдриџ 20 поени.

Вечерва се играат исто така две средби по една на истокот и западот, Мајами-Торонто и Портланд-Голден Стејт.