Лионел Меси би можел уште ова лето да му се придружи на Кристијано Роналдо во Саудиска Арабија.
Како што пишува весникот Марка, арапскиот клуб Ал Хилал е подготвен да му понуди на Меси договор еднаков на оној што Роналдо го има во Ал Наср, односно 220 милиони евра по сезона.
Договорот на Меси со ПСЖ истекува на крајот од оваа сезона, а Аргентинецот се уште не се договорил за нов договор, па челниците на Ал Хилал се надеваат дека би можеле да го намамат да си замине од Европа со огромна понуда.
Станува збор за најуспешниот арапски клуб, кој е поддржан и од локални политичари.
Така, носењето на Меси во Ал Хилал тајно стана државен проект, за кој Арапите се подготвени да ги променат законите.
Сепак во прилог не им оди фактот што се под санкции на ФИФА и не можат да направат никакви дојдовни трансфери до лето.
Марка пренесува дека целата оваа приказна станала многу сериозна бидејќи таткото на Лионел, Хорхе Меси, оваа недела бил виден во Ријад.
رئيس أكاديمية مهد الرياضية الأستاذ عبدالله حماد @AfHammad14 وأحد المقربين من سمو #وزير_الرياضة الأمير عبدالعزيز الفيصل يلتقي والد الاسطورة ميسي والذي يعتبر وكيل أعمال ابنه داخل الأراضي السعودية .. pic.twitter.com/iDK3tIFWZD
— أحمد العجلان (@ahmad2man) March 14, 2023