Како би изгледала Босна со сите ѕвезди – Од Хандановиќ до Ибрахимовиќ!

Loading

Фудбалската репрезентација на Босна и Херцеговина ќе пропушти уште едно големо натпреварување.

„Змејовите“ лошо поминаа во квалификациите за Светското првенство во Катар, а италијанскиот Скај спорт си поигра играше и ја направи репрезентацијата на БиХ од играчи кои по потекло се од БиХ, но играат за други репрезентации.

Под наслов „Босна од Хандановиќ до Ибра: Штета за многу ѕвезди“, тие ги потсетија своите читатели на најдобрите играчи кои се родени или имаат потекло од БиХ, но настапуваат за други репрезентации.

На голот го ставија словенечкиот репрезентативец Самир Хандановиќ, голманот на милански Интер, кој по потекло е од Сански Мост. На списокот се најде уште еден „Словенец“, а тоа е Јосип Иличиќ кој настапува во Аталанта.

Тука е и репрезентативецот на Србија, Невен Суботиќ, родум од Бања Лука, кој настапува во Унион Берлин.

Покрај ова дуо, одбраната ја сочинуваат уште двајца хрватски репрезентативци, Ведран Ќорлука (Локомотива Москва) од Дервента и Дејан Ловрен од Зеница, кој настапува во Зенит од Сенкт Петерсбург.

Офанзивната линија ја сочинуваат уште тројца хрватски репрезентативци. Ален Халиловиќ (Херенвен), чиј татко Сеад играше за БиХ, Иван Ракитиќ (Севиља) по потекло од Жепче и Матео Ковачиќ (Челзи) по потекло од Котор Варош.

Неверојатната линија на нападот ја сочинуваат двоецот на австриската репрезентација Марко Арнаутовиќ (Болоња) и Златко Јунузовиќ (РБ Салцбург), и Харис Сеферовиќ (Бенфика) и Златан Ибрахимовиќ (Милан).