Од клубот од „Олд Трафорд“ ни стигнува и официјална потврда дека данскиот фудбалер Кристијан Ериксен е нов играч на Манчестер Јунајтед.
Ериксен потпиша тригодишен договор со Јунајтед откако ги помина ригорозните лекарски прегледи.
Овој потпис го означува враќањето на Ериксен на големата сцена, откако колабираше на теренот на натпреварот против Финска на Европското првенство.
Данецот му се врати на фудбалот минатата година, кога потпиша договор со англиски Брентфорд.
Ериксен за националниот тим одигра 115 натпревари и постигна 38 голови. Во англиската Премиер лига забележа 237 настапи, а забележа 52 гола и 71 асистенција.
,,Манчестер Јунајтед е посебен клуб и едвај чекам да започнам. Имав можност многу пати да играм на „Олд Трафорд“, но да го направам тоа во дресот на Јунајтед ќе биде неверојатно чувство – изјави Ериксен по потпишувањето на договорот.