Изјавата на Леброн за која зборува цела Америка – Џордан или јас?

Леброн Џејмс им ја донесе на Лејкерси долгоочекуваната титула НБА-шампион и со тоа по четврти пат во кариерата ги освои прстенот и титулата МВП на финалната серија.

Секако, веднаш започнаа споредбите со легендарниот Џордан … Кој е подобар? Може ли Леброн да го надмине?

Џордан беше шампион со Чикаго Булс шест пати и беше најдобар играч на финалната серија сите шест пати.

“Секој знае колку го сакам Мајкл Џордан, го носам бројот 23 поради него и мислам дека нема што повеќе да зборувам. Јас не доведувам дебата на таа тема по тоа прашање, бидејќи не учествувам во неа. Начинот на кој играм и го водам тимот, и на кој се предизвикувам самиот себе и моите соиграчи ме прави горд. Најважно за мене е што по мојата кариера ќе ме запаметат како некој што има правилен пристап кон овој спорт – заврши Леброн.