(Фото) Овој легендарен фудбалер заработи милиони, а погледнете каква кола вози!

Loading

Атрактивните жени и скапите автомобили скоро секогаш одат со богати фудбалери. Сепак, има и такви кои не им придаваат особено значење на материјалните работи.

Додека сегашните и поранешните фудбалски асови се натпреваруваат да имаат подобар, понов, поскап автомобилски модел во својата гаража, легендарниот Италијанец Роберто Баџо вози стар Фиат Панда вреден само неколку стотици евра.

Валентина, ќерката на славниот фудбалер, објави фотографија на социјалните мрежи на која се гледа како нејзиниот татко турка стара Панда во дворот. Оваа фотографија предизвика бројни реакции, главно позитивни.

Иако заработи милиони во својата кариера, Баџо остана верен на стариот Фиат.

Тој имаше импресивна фудбалска кариера. Играше за Виченца, Фиорентина, Јувентус, Милан, Болоња, Интер и Бреша.

Одигра 56 натпревари за италијанската репрезентација и постигна 27 погодоци.