За првпат во историјата на фудбалот еден играч доби зелен картон.
Тоа се случи во италијанската Серија Б каде е воведен експеримент на фудбалери за фер-плеј потег да им се доделува зелен картон.
Истиот се случи на натпреварот Виртус-Виченца, а гостинскиот играч Кристијан Галано призна дека помошниот судија направил грешка.
Судијата досуди корнер за неговата екипа и таквиот негов гест беше награден со зелен картон, а топката беше доделена на Виченца.
Правилото на доделување зелен картон беше воведено со цел да се подигне свеста на играчите и да се нагласат позитивните примери во италијанскиот фудбал кој во последно време е потресен од разни скандали со местени натпревари и нереди на трибините.
Зелените картони се доделуваат по завршувањето на натпреварот за да не се нарушат актуелните правила и прописи.