Барселона во шок…Маскерано заминува во Кина!

Барселона на крајот од оваа сезона ќе остане без еден од своите најдобри фудбалери и столбови во одбраната Хавиер Маскерано.

маскерано

Тој веќе добил две мега понуди од Кина, но ги одбил.

Во текот на летото го продолжи договорот со Барселона до 2021 година.

Сепак каталонците за секој случај го донесоа Андре Гомес кој игра на позицијата последен играч за врска.

Барселона веќе има договор за продажба на својот фудбалер и тоа во висина од 50 милиони евра.

Таа цена е двојно повеќе од сумата што “каталонците” пред 6 години ја платија за Маскерано на Ливерпул.

Проблемот е само дали Маскерано ќе прифати да се пресели во Кина.

На крајот од оваа сезона ќе има полни 33 години, а сонот на Хавиер е кариерата да ја заврши во својот матичниот клуб Ривер Плејт.