Легендата на Рома, Франческо Тоти, прослави уште еден јубилеј, откако го одигра 600-от натпревар за „волчицата“ во Серија А.
Тоти, како резерва влезе во игра, во победата над Киево со 3:0 и му асистираше на Пјаниќ за третиот гол.
Оваа сезона Тоти најчесто влегуваше од клупата, има одиграно 12 натпревари, но само двапати бил стартер.
Сепак, Тоти има одлична статистика, за 360 минути колку што бил на теренот има учинок од 5 голови и 3 асистенции.
Повеќе натпревари во Серија А од Тоти имаат само двајца играчи Хавиер Занети 615 и Паоло Мадини со 647 натпревари.