И покрај тоа што е скоро на дното, еве зошто вреди да се игра во АБА лигата!?

Loading

Новата кошаркарска сезона е на прагот, викендов се играат последните подготвителни натпревари, а во некои земји, како Шпанија, веќе се игра првото коло од националното првенство.

аба

Токму шпанската Ендеса лига е најдобра во Европа кога станува збор за национални или регионални лиги во изборот на кошаркарскиот портал „Еурохупс“.

Второто место во таа селекција го зазема ВТБ лигата во Русија, а турската Супер лига е во Топ 3.

Италијанската Серија А е на четвртото место, потоа француската лига, а германската Бундеслига е на шестото место. Седма е грчката лига, иако Олимпијакос не играше во неа во последните неколку сезони, а само АБА лигата, во која учествуваат нашите најдобри клубови, е рангирана на осмото место.

Во првите десет во оваа селекција се и израелската, како и литванската ЛКЛ лига.

Но само едно е сигурно, иако е многу слабо рангирана АБА лигата во Европа, сепак шампионот има загарантирано место во елитната Евролига. 

Затоа вреди да се игра во оваа лига….