ХИТ ВИДЕО: Ѕвездата на Интер со стил пристигна во тренинг кампот – Сите беа воодушевени!

Loading

Шоу пред тренингот на Интер направи Артуро Видал кој пристигна со својот ретро автомобил. Контроверзниот Чилеанец, кој неколку пати беше снимен на забава со скапи автомобили, сега беше многу поскромен.

Ги насмеа сите соиграчи бидејќи наместо со скапа лимузина на тренинг се појави во стара фиат панда!

Видал пристигна со стил, иако не вложи премногу труд за паркирање. Сепак, паркингот беше празен и немаше потреба да внимава каде ќе застане.

Погледнете како Видал се забавуваше пред да тренира со тимот: