ХАОС – Вакво нешто немало на ниту едно ЕП во фудбал, загинати, повредени, уапсени!

Loading

Француската полиција уапсила вкупно 323 лица од почетокот на Европското првенство во фудбал поради насилства, кражби и оштетување имот, соопшти МВР на Франција.

франција 2016-1

,,Од 323 уапсени луѓе дури 196 се во полициски притвор, осуммина заработиле затворска казна додека 24 се депортирани- се вели во соопштение.

Франција ја зафати бран тепачки и немири на хилигани во кој учествуваа навивачи од Англија, Русија, Германија, Украина, Словачка…

Се почна со голема тепачка меѓу Руси и Англичани во Марсеј како и на стадионот Велодром за време на двете селекции, потоа Германци нападнаа Украинци во Лил, а во истиот град се судрија навивачи Руси и Словаци.

Покрај тоа, домашни навивачи се пресметуваа со Турци и Ирци.