Луда ноќ во Лигата на Шампионите. Постигнати се 40 голови на 8 натпревари.
Забавата зазпочна во 18 часот со дуелот помеѓу ЦСКА Москва и Манчестер Сити, кои одиграа без победник 2-2. Во стандардниот термин Баерн Минхен со 7-1, Шахтјор Доњецк со 7-0 и Челзи со 6-0, ги бомбардираа Рома, БАТЕ Босрисов и Марибор. Шалке и Спортинг го одиграа веројатно и највозбудливиот меч, со трилер завршница и пенал за Шалке на самиот финиш од натпреварот, со што Шалке ја обезбеди победата од 4-3. Исто така во интересен меч Порто го совлада Атлетико Мадрид со 2-1. Барселона рутински со 3-1, против Ајакс ги заработи трите бода, додека ПСЖ се намачи на Кипар кај АПОЕЛ и дури во финишот на натпреварот дојде до трите бода, со голот на Едисон Кавани.
Рекорди и занимливости
- Само еднаш претходно се дале повеќе голови во еден ден (1-ви октомври 1997- 44 голови)
- Фудбалерот на Шахтјор, Луис Адријано, стана само вториот фудбалер кој постигнал 5 голови на еден натпревар и првиот кој тоа го направил на гостински терен, прекинувајќи го и рекордот на БАТЕ од 14 месеци без пораз на домашен терен
- 5 голови по натпревар е инзвонреден просек
- Шахтјор е првата екипа која постигнала 6 голови во прво полувреме
И за крај да ги погледнеме головите