Немаше победник на натпреварот помеѓу Англија и Русија во рамките на групата Б од ЕВРО 2016.
Англичаните беа пред победа, но Русите се спасија од пораз со гол во 92. минута кога Васили Березутски израмни на 1-1 против Англија на натпреварот кој се одигра во Марсеј.
Англија подобро влезе во натпреварот, во 7. минута Лалана биеше под пречката од одлична позиција, Акинфеев го одбрани неговиот удар, но и во 22. минута кога истиот играч имаше одлична можност, но биеше крај стативата.
Првото полувреме завршо без голови 0-0.
Во второто полувреме Русија која покажа поголема храброст да нападне, но без некоја посериозна шанса.
Првото големо возбудување во второто полувреме се случи во 72. минута кога Руни биеше, Акинфеев одбрани, а топката ја удри и пречката но не влезе во мрежата.
Тоа како да беше најава за гол, само минута подоцна Ерик Дајер изведе фантастичен слободен удар, постигна гол и донесе водство на Англија од 1-0.
Но сепак кога се чинеше дека Англија ќе го добие мечот, за прва победа, Русите така не мислеа и одиграа машки до самиот крај.
При еден центаршут Березутски погоди со глава во 92. минута и ги постави конечните 1-1 за голема радост на трибините за руските навивачи.