Го прашаа Рамос дали би потпишал за Барселона – Еве го неговиот одговор!

Loading

Серхио Рамос денеска се прости од Реал Мадрид каде одигра 671 натпревар. Капитенот заминува откако му истече договорот. Тој не успеа да се договори со претседателот на Реал, Флорентино Перез за продолжување на соработката.

“Во последните месеци, Реал ми понуди едногодишен договор со 10% помала плата. Парите никогаш не беа проблем, но јас сакав двегодишен договор. Подоцна ја прифатив понудата, но понудата на Реал имаше рок до кој морав да се изјаснам и не знаев за тоа “, рече 35-годишниот Рамос.

Шпанскиот дефанзивец се уште не објави во кој клуб ќе ја продолжи кариерата.

“Назад во Севиља? Не, тоа не е опција”, рече Рамос, кој потоа беше запрашан дали постои можност да оди во Барселона, најголемиот ривал на Реал.

“Невозможно. Никогаш нема да ме видите во тој клуб. Не знам за кого ќе потпишам. Кога ќе знам, прво ќе го објавам тоа”.