Г.Стејт ја доби мајсторката со Оклахома и ќе ја брани титулата во НБА лигата!

Loading

Во Оукленд се одигра мајсторката односно 7-миот натпревар од финалето на западната конференција помеѓу Голден Стејт и Оклахома.

THUNDER WARRIORS

До победата сигна домашниот тим Голден Стејт со 96-88 и избори пласман во финалето на НБА лигата.

Актуелниот шампион имаше негатива од 3-1 во победи и со три победи по ред направи пресврт и ја освои титулата во Западната конференција.

Во финалето Голден Стејт ќе игра против Кливленд и ќе го брани трофејот освоен минатата година.

На овој начин екипата на Стив Кер по уште еден параметар влезе во историјата, бидејќи стана четвртиот тим кој успеал да надомести негатива 1-3 во конференциско финале, односно Вориорси станаа деветтиот тим во историјата кој во плејофот добил серија откако по четвртиот натпревар имал негатива 1-3.

Последен пат екипата на Бостон, во 1981 година против Филаделфија, успеала да добие конференциско финале по негатива од 1-3.

Мајсторката во Оукланд мина во знакот на Стеф Кари и Клеј Томпсон кои погодија 13 тројки од 23 обиди. Кари натпреварот го заврши со 36 поени, а Томпсон постигна 21. Двоцифрен ефект имаше и Дрејмонд Грин со 11 кошеви.

голден стејт

голден стејт1 голден стејт2

Оклахома имаше предност по првиот период, на полувреме водеше со 6 поени, но третата четвртина беше клучна на натпреварот, Голден Стејт ја доби со 29:12, а серијата ја најавија Кари, Томпсон и Игудала кои во три напади поентираа за три поени.

Во финишот при резултат 90:86, Ибака го фаулираше Кари при обидот за три, најдобриот играч во лигата ги погоди трите слободни фрлања, а потоа во наредниот напад со тројка стави точка на натпреварот.

Кевин Дурент ја предводеше Оклахома со 27 поени Расел Вестбрук имаше 19 поени и 13 асистенции.

Голден Стејт, во реприза на минатогодишното финале, титулата ќе ја брани против Кливленд, а првиот меч од серијата ќе се одигра во четврток навечер во Оукленд.