Г.Стејт го израмни рекордот на Чикаго од 72 победи, со триумф над ривалот Сан Антонио

Loading

Во НБА лигата се одиграа 9 средби.

warr

Во дербито на лигата Голден Стејт Вориорс го победи Сан Антонио на нивен терен по пауза од 19 години и на тој начин го израмни НБА рекордот на Чикаго Булс, според бројот на победи во регуларниот дел од сезоната на 72. Воините славеа против Спарси со 92:86.

Во последниот меч, на домашен терен против Мемфис, Вориорси ќе имаат можност да постават нов апсолутен рекорд во лигата и регуларниот дел од сезоната да го завршат со едноцифрен број на порази. Стеф Кари даде 37 поени.

ЛА Клиперс го совладаа Далас со 98:91, а Хјустон ги задржа шансите за пласман во плејофот со триумфот над Лејкерси од 130:110.

Далас е седми на Западот и математички се уште нема обезбедено пласман во разигрувањето, осмата позиција ја држи Јута со 40 победи и порази, а Хјустон е деветти со 39-41.

Натпреварот во Хјустон мина во шутерската пресметка на Џејмс Харден и Коби Брајант.

Харден имаше учинок од 40 поени и 13 асистенции, додека Коби го одигра најдобриот меч сезонава постигнувајќи 35 поени.

Во другите средби Вашингтон-Шарлот 113:98, Денвер-Јута 84:110, Филаделфија-Милвоки 108:109, Индијана-Бруклин 129:105, Мајами-Орландо 118:96, Њујорк-Торонто 89:93.

За вечерва предвидени се 9 средби.