Фудбалска Македонија повеќе нема да ја гледаме на Спортклуб, а МРТ нема пари за ТВ права!

Loading

И официјално, барем според најавите и програмската шема на ТВ Арена Спорт, мечот меѓу Бугарија и Македонија в четврток, на стартот од Лигата на Нации, ќе го гледаме на оваа ТВ.

Досега нашите херои ги гледавме на ТВ Спорт Клуб, но отсега па натаму ќе мораме да “вртиме“ на уште еден српски канал и тоа на ТВ Арена Спорт.

Овој меч во Разград ќе може да се следи на ТВ Арена Спорт Премиум со почеток од 18 часот, таква е програмската шема на оваа ТВ.

Интересно е тоа, барем според изјавите на луѓето од МРТ за порталот СкопјеИнфо, нема да има ТВ преноси од натпреварите на Македонија на нашиот национален сервис за овој циклус во Лигата на Нации, но и за следните три квалификациски циклуси за пласман на ЕП и СП.

Проблемот бил секако во парите, ТВ правата за натпреварите на нашата репрезентација биле прескапи за МРТ.

Станува збор за сума од 3 милиони евра.

 

 

 

 

извор: sportmedia.mk