Ѕвездата на Манчестер Јунајтед, Маркус Рашфорд е главна тема на британските медиуми поради гестот кон својата избраничка.
Имено, Англичанецот „искеширал“ дури 270.000 евра за да изнајми приватен авион и да замине со својата девојка Лусија Лои на романтично патување во Њујорк.
Како што пишува британски Мирор, Рашфорд изнајмил Боинг 737, кој обично превезува преку 125 патници, а со љубовта на својот живот полетал во САД.
,,Ова беше голема работа, може да се каже дека Рашфорд е вљубен до уши – изјави еден од изворите за Мирор.
![](https://i0.wp.com/sporty.mk/wp-content/uploads/2023/04/rashford-lucia.jpg?resize=800%2C480&ssl=1)
Инаку, љубовта меѓу двајцата трае долго време. Тие се запознале на училиште во Манчестер кога имале само 15 години. Тие се верија минатиот мај.
Лусија е дипломиран маркетинг и бренд менаџер, а заедно со Маркус беше на Светското првенство. Некои навивачи го критикуваа Рашфорд за патувањето во САД, но на селекторот Герет Саутгејт не му пречи што го пропуштил националниот собир.