Златан Ибрахимовиќ остана шокиран кога неговиот Милан викендов остана без ниту еден бод на домашен терен против Специја, а сега ги шокираше своите навивачи.
Гостите дојдоа до победата во последните моменти од играта, а „росонерите“ пропуштија можност да се вратат на врвот на табелата во Серија А.
Колку што Ибра беше изненаден, толку и навивачите на Милан беа изненадени кога ја видоа неговата фотографија од тренинг.
Швеѓанецот во последните години носи долга коса, која најчесто ја врзува во реп, па изгледа како монголски воин, но досега не сме имале шанса да видиме како изгледа кога косата му е пуштена.
— Out Of Context Football (@nocontextfooty) January 18, 2022
Сликата од тренингот го открива токму тоа, а фановите го преплавија со твит коментари.
– Златан, каков шампон користиш? – вели еден од нив.
Има и многу духовити „мимови“, а да потсетиме дека со истиот имиџ извесен период тргна и Кристијано Роналдо.
Златан има 40 години, но и понатаму игра одлично. Оваа сезона во Серија А постигна осум гола, на 14 натпревари.