Ништо повеќе нема да биде исто! Еуфоријата пред големите фудбалски натпреварувања се вжештуваше додека си разменувавме сликички од познатите фудбалери, а обично по оние најретките излегувавме на улица за да се обидеме да го комплетираме нашиот албум …
За жал, тоа повеќе нема да биде така…
Компанијата „Панини“ по пет децении ги откажува познатите албуми со сликички од фудбалери.
Како што најавуваат од „Панини“, албумите со слични слики ќе бидат откажани пред Европското првенство во Германија во 2024 година.
Првиот албум со сликички од фудбалери беше објавен пред Светското првенство во Италија во 1970 година, а осум години подоцна, по повод Светското првенство во Германија во 1978 година, премиерата на изданието излезе во продажба ширум светот.
Оттогаш, албумот на „Панини“ добива култен статус, а во многу земји во светот, пред големите првенства, се разменуваат сликички, како дел од поголемите собири на разменувачи на сликички, како што традиционално се организира во Белград кај хотелот „Москва“.
Панини постигна рекорден број продадени налепници во 2006 година во врска со Светското првенство во Германија, кога беа продадени 800 милиони налепници.
Непосредно пред Европското првенство во Германија во 2024 година, Панини ќе го откаже печатењето на албуми и сликички, но работата ќе ја преземе американскиот концерн „Топс“, кој ги откупи правата за тој турнир, како и Лигата на нациите и Европско првенство за жени 2025 година.